Што ќе најдете тука?

Бнеи Барух е посветен да ви овозможи најразбирливо образование за автентичната кабала достапно на интернет. Со услуги кои варираат од интернет лекции до најобемната библиотека на кабалистички текстови во светот, Бнеи Барух се стреми кон создавање на средина каде што вашите прашања можат да бидат одговорени, а вие можете да развиете разбирање за светот во кој живееме.

Дознајте повеќе за Бнеи Барух

Предавањата во Бнеи Барух се засновани врз делата на најголемите кабалисти на сите времиња, како: Шимон Бар-Јохаи (Рашби), Исаак Лурија и Јехуда Ашлаг (Баал ХаСулам).

Дознајте повеќе за кабалистичките извори

Едукативниот центар по кабала - Бнеи Барух овозможува учење преку интернет за студентите од Европа. Основниот наставен план се состои од 2 семестри со вкупно траење од 20 недели. За време на лекциите во живо, можете да поставувате прашања до инструкторот преку форумот на страната. Меѓу часовите, достапни ви се форумите и Фејсбук групите, водени од инструкторите и напредните студенти.

Дознајте повеќе за наставниот план

Што е автентична кабала?

Кабалата е наука која го истражува потеклото на човекот, неговата цел во животот и методот на постигнување на перцепција на реалноста надвор од рамките на петте телесни сетила. Иако проучува елементи кои моментално се надвор од нашата перцепција, таа е практична методологија која може да биде имплементирана во денешно време.
Во текот на илјадници години многу се пишувано за кабалата, но луѓето ја мешале со други учења. Од тоа произлегле многу митови, погрешни заклучоци и неточности. Во автентичната кабала, како извори се користат само учењата на најголемите признаени кабалисти. Тоа значи дека студентите ја добиваат автентичната мудрост која се пренесувала од учител на ученик низ годините.

Дознајте повеќе за автентичната кабала

Што е Зохар?

Зохар е антички текст што се смета за најсуштинската книга на духовната мудрост. Напишан во вид на легенди кои го скривале неговото вистинско значење низ вековите, Зохар (на хебрејски значи блесок) ни дава вредна алатка со чија помош човештвото ќе постигне повисок степен на свесност и потенцијал.

Курсевите на едукативниот центар по кабала ве подготвуваат да ја сфатите пораката и методот на Зохар. Ова е нешто што човек не може да го направи сам, туку само преку правилни инструкции и поврзување со другите.

Дознајте повеќе за Зохарот

Register

Donate