Студентски услуги

Едукативниот центар по кабала - Бнеи Барух освен лекции во живо, нуди и многу други услуги. Овие услуги се направени за да ви помогнат да се поврзете со другите студенти, со материјалот кој го учите и со големата заедница на Бнеи Барух.

Форумот за прашања и одговори (Фејсбук групи): Форумот е достапен 24 часа на ден, а ви овозможува да поставувате прашања во врска со материјалот. Инструкторите и напредните студенти ќе ви одговорат врз основа на учењата на кабалистите. Освен тоа, прашањата од другите студенти ќе го зголемат вашето искуство при учењето со тоа што ќе донесат нова перспектива на материјалот.

Архива на лекции на едукативниот центар: Сите лекции се снимани и објавени во архивата на лекции. Ако пропуштите некое предавање, или ако едноставно сакате повторно да го погледнете материјалот, може да пристапите до архивата, во кое било време, за да ја погледнете лекцијата.

Кабалистичка библиотека: Бнеи Барух ја има најголемата библиотека на автентичен материјал за кабала, во светот. Сите материјали од предавањата се достапни во библиотеката. Слободно истражувајте ја библиотеката во слободното време и читајте го она што ви изгледа интересно.

Посетете ја кабалистичката библиотека

Кабалистички собир: Опционален тродневен викенд каде што може да учите со д-р Лајтман и да ги сретнете другите студенти ширум светот.

Register

Donate