Истражете ги мистериите на Зохар


Зохарот бил напишан за да ја исполни новата желба на денешницата

Зохар ја опишал моменталната состојба на човештвото уште пред 2.000 години - стресот, депресијата и глобалните проблеми. Објаснува дека решението на овие проблеми лежи во откривање на вистинската реалност во која живееме, онаа која се раѓа од новата желба која ќе нè доведе до неограничено и вечно исполнување. Тоа е желба која го надминува човечкиот егоизам, желба да се открие хармонијата која веќе постои во потенцијалот на човекот.

Зохарот бил напишан од Раби Шимон Бар Јохаи и 9 негови ученици, сите посветени на пронаоѓање на одговорите на најосновните прашања на животот. Правејќи го тоа, заедно ја достигнале вистинската слика на реалноста. Тие го напишале Зохарот за да ни помогнат да ја исполниме оваа нова желба во нашето доба. Напишан е на скриен јазик кој навидум содржи секакви приказни, слики и историски настани. За да се открие вистинскиот јазик на Зохар, потребна е помош. Преку ова изучување, човекот поминува низ внатрешни промени со кои ќе добие дополнителна перцепција на реалноста, овозможувајќи му да го гледа духовниот свет опишан во Зохар.

Ако сакате да дознаете нешто повеќе за оваа фасцинантна книга, прочитајте на: 5 работи кои треба да ги знаете за Зохар

Register

Donate